Нејмар повторно изрази желба да се врати во Барселона и за тоа е подготвен да ја намали платата

Од:

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар повторно размислува да се врати во Барселона, тврди „ОК Диарио“. Бразилецот ги бранеше боите на Каталонците од 2013 до 2017 година и се пресели во парискиот клуб за рекордни 222 милиони евра.

Сепак, Нејмар се чувствува несреќен во ПСЖ и е незадоволен од недостигот на конкуренција во француската Лига 1.

Барса доживеа финансиски загуби поради пандемијата на коронавирус. За да го купи Нејмар, треба да се раздели со голем број на играчи. Покрај тоа, во Каталонија, напаѓачот ќе добие помалку од сегашната во Париз. Сепак, тој е подготвен да ги направи овие отстапки.

Во Лига 1 сезоната 2019/20, Нејмар настапи на 24 натпревари, постигна 18 голови и направи 9 асистенции. Сезоната беше предвреме завршена поради пандемијата на коронавирус, а парижаните беа прогласени за шампиони.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

А1он

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка