Бразил ја совлада Хрватска со 2:0 на денешната пријателска средба која се одигра на стадионот „Енфилд“ во Ливерпул.
Во фокусот на вниманието на средбата беше Нејмар, кој по три месеци пауза заради повреда го одигра првиот натпревар.
Тој влезе во вториот дел, а 69 минута постигна атрактивен гол минувајќи со леснотија неколку играчи на Хрватска.
Најдобриот фудбалер во бразилската репрезентација несомнено покажа дека е во целост подготвен за Светското првенство во Русија.
Фирмино во 94 минута го постигна вториот гол за Бразил за конечни 2:0.