Нејмар: Мадрид или Јунајтед? Не е време да зборуваме за трансфери

Од:

Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен Нејмар, кој вчера очекувано беше избран за најдобар фудбалер за минатата сезона во Лига 1, изјави дека веќе му здосадило од постојаните гласини за негов трансфер во текот на летото.

Со месеци упорно се зборува дека напаѓачот ќе го напушти ПСЖ само по една сезона во тимот и по секоја веројатност ќе премине во Реал Мадрид.

Вчера, англиското издание „Мирор“ објави дека Манчестер Јунајтед ќе се приклучи во битката за Нејмар, откако „црвените ѓаволи“ се подготвени да понудат 227 милиони евра за него.

Сепак, Бразилецот рече дека нема намера да зборува за можен трансфер, бидејќи тој моментално се фокусира само на претстојниот Светски шампионат во Русија.

– Мадрид или Јунајтед? Секој знае зошто дојдов во ПСЖ, целите кои ги имам. Целта ми е сега Светското првенство, па не е време да се зборува за трансфери. Веќе ми е малку досадно од сите овие гласини, изјави Нејмар пред „Фокс Спортс“.

Во саботата, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи самоуверено изјави дека „2.000 отсто“ Нејмар ќе остане во клубот и наредната сезона.

Би можело да ве интересира

Нејмар повторно се повреди, пак пред роденденот на сестра му

А1он

Нејмар за можниот трансфер во Баерн: Гвардиола во два часот наутро ми заѕвоне на врата

А1он

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А