Пари Сен-Жермен и Нејмар разговараат за продолжување на соработката.
Бразилецот е подготвен да потпише петгодишен договор, под услов да ја задржи сегашната плата – 32 милиони евра годишно, објави „ЕСПН“.
Исто така, Нејмар побара од спортскиот директор на ПСЖ Леонардо да му обезбеди одредени гаранции во врска со плановите на клубот. Страните веруваат дека можат да постигнат договор.
Актуелниот договор на Нејмар со францускиот фудбалски шампион истекува летото 2022 година.