Поради оштетеното возило при сообраќајната несреќа во Србија, доведен е во прашање настапот на Игор Стефановски – Иџе на трките во Словачка и во Германија во рамките на европскиот шампионат на ридски патеки.
Oштетена e предната страна на возилото Mitsubishi Lancer Evo IX кога по влегувањето во Република Србија се скршила куката на приколката за транспорт при што возилото удрило во заштитната ограда на автопатот и завршило во ендек.
– Ние сме живи и здрави и рано утрово пристигнавме во Македонија. Оштетен е предниот дел од возилото и во следните денови ќе утврдиме колкава е штетата во внатрешниот дел и ќе направиме финансиска конструкција. Настапот на следните две трки во Словачка и Германија во голема мерка ќе зависи од големината на штетата на внатрешните делови. Затоа секоја финасиска помош од било која страна ќе биде добродојдена, изјави Иџе.