Најдобриот македонски каратист Дејан Недев претстојниот викенд ќе учествува на светскиот ЈКА карате семинар со врвните јапонски карате инструктори од Токио, Сенсеи Имура и Сенсеи Охта – 8 Дан. Семинарот ќе се одржи во Берлин, Германија.
На семинарот ќе бидат презентирани повеќе врвни карате техники, кати и кумите-борби кои ќе бидат корисни за претстојните меѓународни шампионати кои до крајот на 2015 година ја очекуваат македонската репрезентација во традиционално карате.
Најпрво од 16 до 18 октомври нашите каратисти ќе учествуваат на Светскиот шампионат во традиционално, модерно и контактно карате во Копер, Словенија, потоа од 5 до 8 ноември се на ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате во Париз, Франција, и при крајот на годината се на Светскиот Фудокан Карате Шампионат во Белград, Србија (4 – 6 декември).