Тимот на Мајами Хит поведе со 3-1 против Оклахома Сити Тандер во големото НБА финале и се наоѓа на една победа од шампионскиот прстен.
Без дилеми ова е финале на Леброн, во финишот на натпреварот постигна тројка кога се кршеше резултатот, а Мајами стигна до триумф од 104:98 за водство од 3-1.
На Леброн му недостасуваше еден скок за трипл-дабл учинок, 26 поени, 12 асистенции и 9 скока.
Чалмерс и Вејд придодадоа по 25 коша за Хит, кои имаа негатива од 17 поени во првата четвртина.
Расел Вестбрук постигна дури 43 поени, а Кевин Дурент придодаде 28 за Оклахома, но двајцата немаа помош од останатите соиграчи кои не успеаја да стигнат ниту до двоцифрен број на поени.
Од кога финалната серија се игра по системот 2-3-2 никој не успеал да се врати од 1-3.
Mајами првата меч топка за титулата ќе ја има во петок наутро кога пред своите навивачи ќе се обиде да стигне до шампионскиот прстен.