НБА: Вечер на гостинските екипи

Од:

На натпреварите во НБА лигата одиграни ноќеска доминираа гостинските екипи, кои постигнаа седум победи на осуте одиграни натпревари.

Важна победа оствари најдобарата екипа сезонава во НБА лигата Сан Антонио, совладувајќи го Чикаго без помош на тројцата најдобри играчи Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Во нивно отсуство рекордни во кариерата Кавхи Леонард постигна 26 поени, со реализација од 52 отсто.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Филаделфија – Лос Анџелес Клиперс 90:107, Шарлот – Бостон 94:91, Кливленд – Минесота 92:100, Индијана – Бруклин 84:89, Детроит – Њу Орлеанс 86:105, Чикаго – Сан Антонио 89:103, Милвоки – Вашингтон 90:102 и Далас – Атланта101:105.

Вечерва се играат шест натпревари, а двојките се: Торонто – Денвер, Мајами – Портланд, Мемфис – Сакраменто, Јута – Оклахома Сити, Лос Анџелес Лејкерс – Феникс и Голден Стејт – Хјустон.

Пласман Источна конференција: Мајами 34-14 (победи-порази), Њујорк 32-17, Индијана 31-21, Чикаго 30-21, Бруклин 30-22,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 41-12, Оклахома Сити 39-12, Л.А.Клиперс 37-17, Мемфис 32-18, Денвер 33-19,…

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ