НБА: Убедливи победи за Бостон и за Денвер

Од:

На двата натпревара во НБА лигата одиграни ноќеска победи постигнаа домашните екипи Бостон Селтикс и Денвер Нагетс.

Во дуелот на екипите со најмногу титули Бостон го победи Лос Анџелес Лејкерс со 116:95. Домаќинот беше убедлив и натпреварот го реши по првите три четвртини. Во третиот период Пол Пирс постигна 12 од своите 24 поени.

За Бостон ова беше шеста победа во серија. Натпреварот го одбележи и Кевин Гарнет, кој постигна 15 поени, а во вториот период постигнувајќи кош стана 16.ти играч во историјата на НБА со 25.000 поени.

На вториот натпревар Денвер го победи Чикаго со 128:96, а најефикасен на натпреварот беше играчот од клупата Вилсон Чандлер, кој постигна 24 поени.

Вечерва се играат 12 натпревари: Вашингтон – Бруклин, Шарлот – Лос Анџелес Лејкерс, Индијана – Торонто, Атланта – Њу Орлеанс, Детроит – Сан Антонио, Кливленд – Орландо, Мајами – Лос Анџелес Клиперс, Мемфис – Голден Стејт, Хјустон – Портланд, Оклахома Сити – Феникс, Минесота – Њујорк и Јута – Чикаго.

Пласман Источна конференција: Мајами 32-14 (победи-порази), Њујорк 31-16, Индијана 31-19, Чикаго 29-19, Бруклин 29-20,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 39-11, Оклахома Сити 37-12, Л.А.Клиперс 35-16, Денвер 32-18, Мемфис 30-18,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ