НБА: Убедлива победа на Хјустон на гостински терен

Од:

Кошаркарите на Хјустон постигнаа убедлива победа ноќеска на гостувањето кај Јута, совладувајќи ја со 45 поени разлика – 125:80. Ова за Јута Џез е прв пораз со 40 и повеќе разлика по 4 февруари 2000 година.

Најефикасен играч беше Џејмс Харден со 25 поени, додека Омер Ашик имаше рекордни за него 19 скокови.

Преглед на резултатите на ноќешните натпревари од НБА лигата: Торонто – Голден Стејт 102:114, Филаделфија – Мемфис 100:103, Вашингтон – Сакраменто 94:96, Бруклин – Орландо 97:77, Чикаго – Шарлот 93:85, Денвер – Индијана 102:101 и Јута – Хјустон 80:125.

Вечерва се играат натпреварите: Кливленд – Голден Стејт, Детроит – Милвоки, Портланд – Далас и Лос Анџелес Лејкерс – Њу Орлеанс.

Пласман Источна конференција: Мајами 28-13 (победи-орази), Њујорк 27-15, Чикаго 27-17, Бруклин 27-18, Индијана 26-19,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 36-11, Оклахома Сити 34-11, Лос Анџелес Клиперс 33-13, Мемфис 29-15, Голден Стејт 27-17,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ