НБА: Сите мора да стојат додека се интонира химната

Од:

Во пресрет на почетокот на новата сезона во НБА, надлежните органи на лигата испратија допис до сите клубови дека сите играчи и целиот стручен штаб треба да стојат додека се интонираат химните на САД и Канада.

Од НБА се заканија дека доколку ова правило не се почитува ќе следуваат соодветни санкции.

На овој начин, НБА сака да се осигура дека нема да се повторуваат сцена од НФЛ лигата во која клечењето на квотербекот Колин Каперник за време на националната химна во знак на протест против, како што изјави, неправдата на државата кон црните луѓе и бруталноста на полицијата. Со негот, многу играчи се солидаризираа и го следа неговиот пример.

Исто така, ниту односот на НБА играчите кон властите не е најдобар. Неодамна, беше донесена одлука шампионот Голден Стејт Вориорс да не ја посети Белата куќа, бидејќи една од ѕвездите на тимот Стеф Кари одби да го стори тоа, во знак на протест кон претседателот Доналд Трамп.

Новата сезона во НБА лигата почнува на 18 октомври.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот