НБА: Шампионот Мајами подобар од Оклахома Сити

Од:

Актуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Мајами на традиционалниот „Божиќен натпревар во НБА“ го победи ланскиот финалист Оклахома Сити и се зацврсти на првата позиција во Источната конференција и воедно се доближи до учинокот на водчките екипи од Западната конференција.

Најдобар на натпреварот беше ланскиот МВП Леброн Џејмс – 29 поени, 9 асистенции и 8 скокови.

Од другите ноќешни натпревари за одбележување се двете победи на екипите од Лос Анџелес на домашен терен. Лејкерси го победија Њујорк, додека Клиперси беа подобри од Денвер за 14.победа во серија.

Преглед на резултатите: Бруклин – Бостон 76:93, Лос Анџелес Лејкерс – Њујорк 100:94, Мајами – Оклахома Сити 103:97, Чикаго – Хјустон 97:120 и Лос Анџелес Клиперс – Денвер 112:100.

Вечерва се играат 13 натпревари: Вашингтон – Кливленд, Шарлот – Мајами, Орландо – Њу Орлеанс, Индијана – Чикаго, Атланта – Детроит, Милвоки – Бруклин, Мемфис – Филаделфија, Минесота – Хјустон, Сан Антонио – Торонто, Денвер – Лос Анџелес Лејкерс, Јута – Голден Стејт, Феникс – Њујорк и Портланд – Сакраменто.

Пласман Источна конфренција: Мајами 19-6 (победи-порази), Њујорк 20-8, Атланта 16-9, Индијана 16-12, Чикаго 15-12,…

Пласман Западна конференција: Лос Анџелес Клиперс 22-6, Оклахома Сити 21-6, Сан Антонио 21-6, Мемфис 18-7, Голден Стејт 18-10,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on