НБА-првакот во забивање Дерик Џоунс Џуниор позитивен на коронавирус

Од:

Крилниот играч на Мајами Хит, Дерик Џонс Џуниор, кој победи на годинешниот натпревар во забивање на НБА ол-стар викендот во Чикаго во Февруари, е позитивен на коронавирусот, пишува весникот „Сан Сентинел“ повикувајќи се на извори во лигата.

Со ова, бројот на заразени НБА кошаркари кои се тестираа позитивни се зголеми на осум, откако претходно беше потврдено дека заразени се Никола Јокиќ, Малком Брогдон, Бади Хилд, Алекс Лен, Џабари Паркер и уште двајца неименувани играчи на Феникс.

Според изворот, Џонс не покажал никакви симптоми и се чувствувал добро. Според упатствата утврдени од НБА, играч со позитивен тест мора да се изолира, не треба да продолжи со тренинзите со тимот најмалку две недели од првиот ПЦР тест, или додека не покаже два негативни теста.

Се очекува актуелниот шампион на натпреварот за забивање да биде достапен за својот тим за продолжението на сезоната во Орландо на крајот на јули.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on