НБА: Пораз на Лос Анџелес Клиперс

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс со пораз (78:92) ја почнаа новата година, откако претходниот месец имаа брилијантна серија од 16 победи во декември или вкупно 17 во серија.

Поразот им го нанесе Денвер, во чии редови дури шест играчи имаа двоцифрен број поени, а за издвојување се Данило Галинари со 17 поени и Андре Милер кои имаше по 12 поени и асистенции.

По загубениот натпревар ЛА Клиперс го препуштија и првото место во Западната конференција на Оклахома Сити.

На другите НБА натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Вашингтон – Далас 94:103, Њујорк – Портланд 100:105, Детроит – Сакраменто 103:97, Њу Орлеанс – Атланта 86:95 и Лос Анџелес Лејкерс – Филаделфија 99:103. Вечерва се играат: Торонто – Портланд, Орландо – Чикаго, Кливленд – Сакраменто, Индијана – Вашингтон, Бостон – Мемфис, Мајами – Далас, Милвоки – Сан Антонио, Хјустон – Њу Орлеанс, Оклахома Сити – Бруклин, Јута – Минесота, Феникс – Филаделфија и Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс.

Пласман Источна конференција: Мајами 21-8 (победи-порази), Њујорк 21-10, Атланта 20-10, Индијана 18-13, Чикаго 16-13, Милвоки 16-13,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 24-6, Л.А. Клипрес 25-7, Сан Антонио 25-8, Мемфис 19-9, Голден Стејт 21-10,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он