НБА: Победа за Сан Антониo на гостувањето кај Кливленд

Од:

Екипата на Сан Антонио која има најдобар скор во НБА лигата (42-12) оствари тешка победа на гостувањето кај Кливленд. Во тимот се вратија повредените Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили.

Во драматична завршница најпрвин бекот на Кливленд Дион Веитерс погоди за предност на домашните од 95:93 на 9.9 секунди докрајот. Но, последниот напад Сан Антонио го заврши со „тројката“ на Кави Леонард на 2.9 секунди до звукот на сирената.

Постигнати резултати на ноќеска одиграните 12 натпревари: Орландо – Атланта 76:108, Кливленд – Сан Антонио 95:96, Индијана – Шарлот 101:77, Бостон – Чикаго 71:69, Бруклин – Денвер 119:108, Њујорк – Торонто 88:92, Детроит – Вашингтон 96:85, Милвоки – Филаделфија 94:92, Њу Орлеанс – Портланд 99:63, Минесота – Јута 93:97, Далас – Сакраменто 123:100 и Лос Анџелес Клиперс – Хјустон 106:96.

Вечерва на програмата се два натпревара: Оклахома Сити – Мајами и Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс.

Пласман Источна конференција: Мајами 35-14 (победи-порази), Њујорк 32-18, Индијана 32-21, Бруклин 31-22, Чикаго 30-22,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 42-12, Оклахома Сити 39-13, Л.А.Клиперс 38-17, Мемфис 33-18, Денвер 33-21,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ