Актуелниот шампион Лос Анџелес лејкерс триумфираше синоќа над Феникс, додека Денвер го совлада Портланд за водство од 2:1 во серијата до четири победи во разигрувањето за титулата во НБА лигата.
Mood. #LakersWin pic.twitter.com/hgMMUFrVIx
— Los Angeles Lakers (@Lakers) May 28, 2021
По повеќе од осум години, „Лејкерси“ се радуваа на плејоф победа на домашен терен предводени од Ентони Дејвис, кој постигна 34 поени, додавајќи и 11 скокови, во триумфот над Феникс од 109:95.
Во вториот натпревар одигран ноќта меѓу четвртокот и петок на Западот, српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше блескава вечер и со 36 поени беше најзаслужен за гостинскиот триумф на Денвер на гостувањето кај Портланд од 120:115.
Милвоки го совлада Мајами на гостински терен со 113:84 и стигна на чекор до полуфинале во плејофот во Источната конференција, откако ниту еден тим во историјата во НБА лигата не испуштил предност од 3:0 во разигрувањето.