Екипата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа нов пораз – трет во низа, откако на гостувањето кај Кливленд загуби со 100:94. Најзаслужен за победата на домашната екипа беше бекот Кајри Ирвинг, кој по паузата од 11 натпревари поради скршениот прст, постигна 28 поени, а имаше и 11 асистенции.
Ирвинг солидна помош имаше во соиграчите Ки Џеј Милс – 28 поени и Алехандро Варежао – 20 поени.
Кај „езерџиите“ Коби Брајант уфрли сезонава рекордни 42 поена, додека Двајт Хауард имаше 19 поени и 20 скокови што беше недоволно за победа.
На другите дуели од НБА лигата одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати: Бруклин – Њујорк 97:100, Детроит – Денвер 94:101, Њу Орлеанс – Вашингтон 70:77 и Чикаго – Лос Анџелес Клиперс 89:94.
Вечерва се играат натпреварите: Торонто – Бруклин, Орландо – Атланта, Индијана – Кливленд, Филаделфија – Чикаго, Шарлот – ЛА Клиперс, Мајами – Голден Стејт, Бостон – Далас, Милвоки – Сакраменто, Хјустон – Вашингтон, Оклахома Сити – Њу Орлеанс, Минесота – Денвер, Феникс – Мемфис и Јута – Сан Антонио.
Пласман во Источната конференција: Њујорк 16-5 (победи-порази), Мајами 14-5, Атланта 12-6, Филаделфија 12-9, Чикаго 11-9,…
Пласман во Западната конференција: Сан Антонио 18-4, Оклахома Сити 17-4, Мемфис 14-4, ЛА Клиперс 15-6, Голден Стејт 14-7,.