Екипата на Њујорк постигна нова победа откако ноќеска во еден од трите натпревари во НБА лигата го совлада тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 116:107. Победникот беше решен по првиот дел кога домаќините направија предност од 68:49.
Најефикасен на натпреварот беше Кармело Ентони со 30 поени, но тој играше само до средината не третиот период кога поради повреда по фаулот од Двајт Хауард мораше да го напушти теренот.
На другите два натпревара исто така победи постигнаа домашните екипи: Атланта го победи Шарлот 113:90 и Портланд беше поуспешен од Сан Антонио со 98:90.
Вечерва се играат 11 натпревари: Торнто – Далас, Вашингтон – Лос Анџелес Лејкерс, Индијана – Филаделфија, Орландо – Голден Стејт, Бруклин – Детроит, Кливленд – Милвоки, Њу Орлеанс – Минесота, Хјустон – Бостон, Оклахома Сити – Сакраменто, Феникс – Јута и Денвер – Мемфис.
Пласман Источна конфренција: Њујорк 17-5 (победи-порази), Мајами 14-6, Атланта 14-6, Чикаго 12-9, Бруклин 12-9, Бостон 12-9,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 18-4, Сан Антонио 18-6, Мемфис 14-5, ЛА Клиперс 16-6, Голден Стејт 15-7, Јута 13-10,.