НБА лига: Втора победа за ЛА Лејкерс во низа

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја постигнаа третата победа сезонава или втора по ред, откако ноќеска го совладаа тимот на Сакраменто со 103:90, па така под водство на привремениот тренер Берни Бакерстаф, по смената на Мајк Браун изборија нова победа.

Предводник до успехот на „езерџиите“ беше Двајт Хауард со 23 поени и 18 скокови, додека дури тројца други стартери имаа повеќе од 18 поени.

Преглед на резултатите одиграни синоќа: Бруклин – Орландо 82:74, ЛА Клиперс – Атланта 89:76, Мемфис – Мајами 104:86, Оклахома Сити – Кливленд 106:91 и ЛА Лејкерс – Сакраменто 103:90.

Вечерва се играат осум натпревари: Торонто – Јута, Филаделфија – Милвоки, Детроит – Оклахома Сити, Чикаго – Бостон, Хјустон – Мајами, Далас – Минесота, Феникс – Денвер и Портланд – Атланта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ