НБА: Победи за Оклахома Сити и за Голден Стејт

Од:

На двата ноќеска одиграни натпревари во НБА лигата победија домашните екипи. Во дуелот на двете екипи од врвот на Западната конференција триумфираше Оклахома Сити против Мемфис со 106:89, а најдобриот стрелец Кевин Дурант натпреварот го заврши со 27 поени.

На вториот натпревар, Голден Стејт го совлада Далас со 100:97. Кај победничката екипа на Дејвид Ли му недостасуваше една асистенција за „трипл – дабл“ учинок, тој натпреварот го заврши со 15 поени, 20 скокови и 9 асистенции.

Вечерва на програмата се 12 натпревари: Торонто – Лос Анџелес Клиперс, Индијана – Мајами, Бостон – Орландо, Бруклин – Чикаго, Њујорк – Милвоки, Филадлфија – Сакраменто, Детроит – Кливленд, Мемфис – Вашингтон, Денвер – Њу Орлеанс, Јута – Портланд, Феникс – Далас и Минесота – Лос Анџелес Лејкрес.

Пласман Источна конференција: Мајами 29-13 (победи-порази), Њујорк 28-15, Чикаго 28-17, Бруклин 27-19, Индијана 27-19,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 37-11, Оклахома Сити 35-11, Л.А.Клиперс 34-13, Мемфис 29-16, Голден Стејт 29-17,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ