Кошаркарите на Мајами ноќеска ја добија мајсторката во финалето на Источната конференција и со 4:3 во победи ја завршија серијата со Индијана.
Шампионот беше убедлив во седмиот натпревар, а повторно најефикасен беше Леброн Џејмс со 32 поена. Двејн Вејд постигна 21. Кај Индијана најпрецизен беше Рој Хиберт со 18 поени.
Во натпревар со приближно ист процент на шут од игра, Индијана (21) направи десет грешки повеќе од Мајами (11).
Ова беше само втор натпревар во годинашниов плеј оф што беше решен во мајсторка. Во првиот во 1.коло на „Исток“, Чикаго го победи Бруклин.
Големото финале Мајами – Сан Антонио стартува во четврток, а првите два натпревара се играат на теренот на Мајами.