НБА лига: Победа на Њујорк во Бостон

Од:

Кошаркарите на Њујорк постигнаа победа на гостувањето кај Бостон, па така „трипл-даблот“ на домашниот играч Раџон Рондо остана без ефект. Бекот на Бостон натпреварот го заврши со 23 поени, 11 асистенции и 10 скокови и не успеа да ја спречи низата од пет порази по ред.

Во редовите на победничката екипа најефикасен беше Кармело Ентони со 28 поени и 9 скокови.

На другите два НБА натпревара одиграни ноќеска: Орландо – Торонто 95:97 и Феникс – Лос Анџелес Клиперс 93:88.

Вечерва играат: Вашингтон – Минесота, Атланта – Бостон, Мајами – Детроит, Кливленд – Милвоки, Чикаго – Голден Стејт, Мемфис – Бруклин, Њу Орлеанс – Хјустон, Далас – Сан Антонио, Сакраменто – Оклахома Сити и Лос Анџелес Лејкерс – Јута.

Пласман Источна конференција: Мајами 27-12 (победи-порази), Њујорк 26-14, Бруклин 26-16, Чикаго 25-16, Индијана 26-17,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 33-10, Сан Антонио 34-11, Л.А.Клиперс 32-12, Мемфис 27-14, Голден Стејт 26-15,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ