(ВИДЕО) НБА: Мајами води со 3:2 во финалето на „Исток“

Од:

Кошаркарите на Мајами остварија победа од 90:79 на ноќешниот натпревар број 5 од финалето на Источната конференција против Индијана и сега водат со 3:2 во добиени натпревари.

„Жешките“ ја искористија предноста на домашен терен и предводени од Леброн Џејмс (30 поени) отпорот на противникот го скршија во второто полувреме кое го добија со 50:35.

Во редовите на шампионот Удонис Хаслем имаше шут од игра 8 од 9 и постигна 16 поени.

Кај поразениот тим најпрецизни беа Пол Џорџ со 27 поени и Рој Хиберт со 22.

Натпреварот број 6 се игра во сабота на теренот на Индијана и доколку оваа екипа победи мајсторката за влез во финалето ќе се игра во понеделник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ