НБА лига: Џејмс предводник за нова победа на шампионот

Од:

Актуелниот шампион во НБА лигата екипата на Мајами на ноќешното гостување кај Бруклин оствари висока победа од 20 поени разлика, а најзаслужен за триумфот беше Леброн Џејмс со 24 поени, 9 скокови и 7 асистенции, додека Двејн Вејд имаше 21 поен.

Во редовите на домашните се истакна Брук Лопез, кој ќе го замени повредниот Раџон Рондо на „Ол старс“ натпреварот и беше стрелец на 21 поен.

Преглед на резултатите на ноќешните натпревари: Филаделфија – Вашингтон 92:84, Индијана – Детроит 98:79, Бостон – Сакраменто 99:81, Њујорк – Орландо 113:97, Аталанта – Торонто 93:92, Бруклин – Мајами 85:105, Милвоки – Чикаго 88:104, Минесота – Лос Анџелес Клиперс 90:96, Сан Антонио – Шарлот 102:78, Денвер – Хјустон 118:110, Јута – Њу Орлеанс 104:99 и Феникс – Лос Анџелес Лејкерс 92:86.

Вечерва се играт само два натпревара: Оклахома Сити – Мемфис и Голден Стејт – Далас.

Пласман Источна конференција: Мајами 29-13 (победи-порази), Њујорк 28-15, Чикаго 28-17, Бруклин 27-19, Индијана 27-19,… Пласман Западна конференција: Сан Антонио 37-11, Оклахома Сити 34-11, Л.А. Клиперс 34-13, Мемфис 29-15, Голден Стејт 28-17,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ