НБА: Лејкерс во победнички ритам

Од:

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс оствари нова победа на гостински терен во НБА лигата совладувајќи го тимот на Бруклин и ова за нив е трета победа во серија.

Коби Брајант и Стив Неш заедно постигнаа 38 поени и беа најзаслужни за победата на својот тим, додека кај „мрежичките“ Брук Лопез имаше 30 поени, но потфрли клупата на Бруклин. Сите резрвисти погодија само шест од 23 обиди.

Од другите натпревари за одбележување е ефикасноста на натпреварот Хјустон и Голден Стејт, каде беа постигнати 249 поени, а Хјустон постигна 23 тројки.

На ноќеска одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Индијана – Атланта 114:103, Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс 83:92, Мемфис – Феникс 90:96, Хјустон – Голден Стејт 140:109 и Денвер – Милвоки 112:104.

Вечерва се играат 13 натпревари: Торонто – Бостон, Филаделфија – Индијана, Вашингтон – Њујорк, Орландо – Лос Анџелес Клиперс, Кливленд – Шарлот, Атланта – Мемфис, Мајами – Хјустон, Детроит – Хјустон, Њу Орлеанс – Феникс, Оклахома Сити – Голден Стејт, Далас – Портланд, Минесота – Сан Антонио и Јута – Милвоки.

Пласман Источна конференција: Мајами 31-14 (победи-порази), Њујорк 31-15, Индијана 30-19, Чикаго 29-19, Бруклин 28-20,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 38-11, Оклахома Сити 36-12, Л.А.Клиперс 34-16, Мемфис 30-17, Денвер 31-18,…

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ