Џејмс Харден ги одбележа ноќешните натпревари во НБА лигата откако на своите колеги со кои играше до лани им даде 46 поени во победата на Хјустон против Оклахома Сити. Ова за него беа рекорден број поени на еден натпревар.
„Трипл – дабл“ на натпреварот имаше Кевин Дјурант -16 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Резултати на ноќешните натпревари: Торонто – Мемфис 82:88, Шарлот – Детроит 99:105, Индијана – Њујорк 125:91, Кливленд – Њу Орлеанс 105:100, Атланта – Мајами 90:103, Милвоки – Бруклин 94:97, Хјустон – Оклахома Сити 122:119, Минесота – Филаделфија 94:87, Далас – Орландо 111:96, Лос Анџелес Лејкерс – Бостон 113:99 и Голден Стејт – Феникс 108:98.
Вечерва се играат дуелите: Чикаго – Мајами и Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио.
Пласман Источна конференција: Мајами 37-14 (победи-порази), Њујорк 32-19, Индијана 33-21, Бруклин 33-22, Чикаго 31-22,…
Пласман Западна конфренција: Сан Антонио 43-12, Оклахома Сити 39-15, Лос Анџелес Клиперс 39-17, Мемфис 35-18, Денвер 34-21,…