НБА: Дурант се врати на паркетот, Бруклин поразен

Од:

Моментно најдобриот кошаркар во НБА лигата Кевин Дурант го напушти ковид карантин и се врати синоќа во редовите на Бруклин, но не успеа да му помогне на водечкиот тим на Истокот да избегне пораз на домашен терен од Филаделфија (102:110).

Дурант, кој изминатите десет денов беше во здравствено – безбедносен протокол, натпреварот го заврши со 33 поени, додавајќи шест скокови и четири асистенции.

Филаделфија до третиот триумф во низа ја предводеше Џоел Ембид со 34 поени.

Во преостанатите натпревари одиграни изминатата ноќ, шампионот Милвоки без проблеми го совлада Орландо на гостински терен со 136: 118, додека Вашингтон триумфираше над Кливленд со 110:93.

Дуелот меѓу Денвер и Голден Стејт беше 11. одложен натпревар сезонава во НБА лигата, откако домашниот тим немаше на располагање доволен број здрави кошаркари. Покрај тренерот Мелоун, во редовите на Денвер има тројца кошаркари, кои се Ковид – 19 протоколот, додека други шестмина се повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ