НБА Драфт: Дејвис прв пик

Од:

Според очекувањата, Ентони Дејвис од Кентаки е првиот пик на овогодинешниот НБА драфт, на кој изостанаа најавуваните возбудувања и трампи.

Инаку, првиот „пик“, Ентони Дејвис, професионалната кариера ќе ја почне во истиот град во кој ја оасвои НЦАА титулата со „Вајлдкетс“. Тој беше и најдобар играч на „фајнл-фор“ турнирот 2012, иако во финалето погоди дамо еден од десет шутеви од игра, остварувајќи уште 16 скока и 6 блокади.

Дејвис просечно бележеше 14,2 поени, со 10,4 скокови и 4,7 блокади по натпревар, со што стана најдоминантниот одбранбен играч во колеџ лигата. Од својата прва година во средно училиште има пораснато цели 17 сантиметри.

Шарлот како втор го избра колеџ соиграчот на Дејвис, Мајкл Кид-Гилкрист.

Останува неизвесно дали тој воопшто ќе остане во редовите на Бобкетси, кои најавија дека би можеле да го трампаат и дека уште сега имаат пет понуди за крилото од Кентаки.

Како трет Вашингтон се одлучи да го избере бекот од Флорида, Бредли Бил, а четврти е уште еден бек, Дион Веитерс од Сиракјуз, кој заврши во тимот на Кливленд.

Иако се најавуваше дека може да биде избран веднаш зад Дејвис, Томас Робинсон од Канзас падна на петтата позиција и стана нов член на Сакраменто Кингс.

Најдобриот плејмејкер на овој драфт, Демиан Лилард од Вебер Стејт заврши во Портланд како шести пик, а по него Голден Стејт се одлучи за Харисон Барнс од Северна Каролина. Торонто се одлучи за Теренс Рос, а Детроит како девети го избра Андре Драмонд од Конектикат.

Првите десет ги заокружи Остин Риверс, синот на тренерот на Бостон, Док Риверс, кој од следната сезона би требал да настапува со првиот пик Дејвис во тимот на Њу Орлеанс.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on