НБА: Дербито на „Запад“ за Оклахома Сити

Од:

Во дерби дуелот на „Западната конференција“ одигран ноќеска Оклахома Сити го совлада Сан Антонио на негов терен со 100:88. Сега разликата меѓу овие два тима е само една победа во корист на „мамузите“.

Најефикасен на натпреварот беше Расел Вестбрук со 27 поени.

На вториот дуел на тимови од „Запад“ Денвер го победи Далас со 95:94, додека во дуелот на екипите на „Исток“ Чикаго славеше над Бруклин на негов терен со 92:90.

Вечерва се играат 12 натпревари: Бостон – Кливленд, Њујорк – Милвоки, Атланта – Филаделфија, Шарлот – Мајами, Индијана – Оклахома Сити, Чикаго – Орландо, Минесота – Торонто, Јута – Њу Орлеанс, Феникс – Голден Стејт, Сакраменто – Далас, Портланд – Хјустон и Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис.

Пласман Источна конференција: Мајами 58-16 (победи-порази), Њујорк 48-26, Индијана 48-27, Бруклин 43-32, Чикаго 41-33,Атланта 42-34, Бостон 39-36, Милвоки 36-38, Филаделфија 30-44, …

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 56-20, Оклахома Сити 55-20, Денвер 52-24, Лос Анџелес Клиперс 50-26, Мемфис 51-24, Голден Стејт 43-32, Хјустон 42-33, Лос Анџелес Лејкерс 39-36, Јута 39-37,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ