Кошаркарите на Денвер утрово го победија тимот на Минесота со резултат 115:107 во четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на Западната конференција на НБА лигата.
Денвер израмни на 2:2 во серијата која се игра на четири победи. Минесота двапати победи во Денвер, но актуелниот шампион во НБА двапати славеше во Минеаполис.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ брилјираше во тимот на Денвер со 35 поени, седум скока, седум асистенции и три украдени топки. Ерон Гордон постигна 27 поени