НБА: Антетокумпо излезе од карантин

Од:

Најдоброиот кошаркар на шампионот Милвоки, Јанис Антетокумпо, излезе од безбедносниот и здравствен протокол што го пропишува НБА лигата и ќе може да настапи за својот тим веќе на следниот натпревар против Бостон на домашен терен.

Грчката кошаркарска ѕвезда отсуствуваше од тимот од 15 декември, а Милвоки во тој период одиграа пет натпревари од кои два загуби.

Милвоки со ефект од 21-13 во моментов е на третото место во источната конференција зад Бруклин (21-9) и Чикаго (19-10), чиј тренер Били Донован во петокот влезе во здравствено – безбедносниот протокол.

Антетокумпо сезонава досега одигра 26 натпревари со ефект е 27 поени по натпревар, 11.6 скокови, 5.8 асистенции и 1.6 блокади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ