Финалистот од ланската сезона во НБА лигата, тимот на Оклахома Сити ја постигна 10.та победа во серија, откако ноќеска пред своите навивачи ја совлада екипата на Сакраменто. Решавачката разлика домаќинот ја направи во вториот период, кој го доби со 32:16. Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дјурант со 31 поен.
Преглед на резултатите одиграни ноќеска: Торнто – Далас 95:74, Вашингтон – Лос Анџелес Лејкерс 96:102, Индијана – Филаделфија 95:85, Орландо – Голден Стејт 99:85, Бруклин – Детроит 107:105 (две продолженија), Кливленд – Милвоки 86:90, Њу Орлеанс – Минесота 102:113, Хјустон – Бостон 101:89, Оклахома Сити – Сакраменто 113:103, Феникс – Јута 99:84 и Денвер – Мемфис 99:94.
Вечерва се играат десет натпревари: Атланта – Голден Стејт, Шарлот – Орландо, Њујорк – Кливленд, Мајами – Вашингтон, Детроит – Индијана, Чикаго – Бруклин, Минесота – Далас, Милвоки – Лос Анџелес Клиперс, Сан Антонио – Бостон и Јута – Мемфис.
Пласман Источна конференција: Њујорк 17-5 (победи-порази), Мајами 14-6, Атланта 14-6, Милвоки 12-9, Бруклин 13-9,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 19-4, Сан Антонио 18-6, Лос Анџелес Клиперс 16-6, Мемфис 14-6, Голден Стејт 15-8,…