Назор: Игравме агресивно и мудро и затоа убедливо го совладавме Карпош Соколи

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром против најголемиот противник за висок пласман ја остварија највисоката победа досега во Супер лигата. Тоа беше причина за задоволство кај тренерот Анте Назор.

– Знаевме дека мора да играме агресивно во одбраната за да дојдеме до посакуваната победа и задоволен сум што тоа и се случи на паркетот. Уште на почетокот на сезоната кажав дека клуб кој се бори за титула мора да игра максимално агресивно во дефанзивата, за да може полесно и помудро да ги организира нападите. Брзо ја научивме лекцијата од пресметката со Работнички. Карпош Соколи е одлична офанзивна екипа и наша задача беше да го намалиме нивниот број на постигнати поени и да им изнудуваме избрзани шутеви. Тоа ни успеа и среќен сум што натпреварот се движеше според нашиот план. Ова е прв пат да ги победиме со голема разлика, треба да продолжиме да играме со овој ритам и успесите само ќе си доаѓаат, изјави Назор.

МЗТ Скопје Аеродром со триумфот на Карпош Соколи ја осигура пол-позицијата пред плејофот и сега чека разврска околу тоа која екипа ќе заврши како четврта и ќе им биде противник во полуфиналето од доигрувањето кое почнува на 5 мај.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он