Навивачите напролет може да се вратат на шпанските стадиони

Од:

Претседателот на шпанската Ла Лига, Ксавиер Тебас, најави денеска можно враќање на навивачите на стадионите во април, во зависност од текот на процесот на вакцинирање против Ковид-19.

Натпреварите во шпанската прва и втора лига се играат без навивачи од минатиот март, кога фудбалот во земјата беше во прекин три месеци поради пандемијата, а сезоната беше завршена во текот на летото.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста за враќање на публиката на стадионите, Тебас рече дека сега е поголем оптимист и оти клучни ќе бидат следните неколку недели.

-Се ќе зависи од следните две или три недели. Доколку во февруари се зголеми бројот на вакцинирани и се намали бројката на заразени, постои можност навивачите во април и мај да дојдат на стадионите, оцени Тебас за „Кадера Сер“.

Тој додаде дека „сите се наоѓаме на крајот од тунелот“ во борбата против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он