Аргентинските навивачи уште еднаш ја докажаа неверојатната страст и приврзаност на клубот, но и кон играчите кои го преставуват клубот.
Се работи за Хуан Рамон Рикелме, играчот кој повеќе од 50 пати играше за Аргентина и е жива легенда на Бока. После изгубеното финале во Копа Либетадорес од бразилскиот Коринтијанс на навивачите им приреди дополнителен шок кажувајќи дека за последен пат настапил во саканиот дрес.
И додека при првото заминување во 2002 година фановите на Бока мирно го прифатија, свесни за пружената прилика да потпише за Барселона, овојпат не можат да се помират со евентуалниот трансфер во бразилски Фламенго.
И наместо да реагираат со навреди и да заборават се што тој направил за нивниот клуб, се одлучија за „легитимна борба“. Совршено се организираа на масовни демонстрации со една цел да го разуверат, Рикелме и да го натераат да остане. Се протестираше дури во десетина градови во Аргентина, а најголемиот собир беше пред култната Ла Бомбонере.
Навивачите влегоа во стадионот и од трибините продолжија со песна. Ечеше „Рикелме е Бока, Бока не оди никаде“. Ако погледне бар едно видео, макар и една минута, Рикелме тешко дека ќе остане рамнодушен.