Навивачите го свиркаа Ибрахимовиќ, тој му даде отказ на тренерот Фонсека

Од:

Навивачите на Милан го свиркаа Златан Ибрахимовиќ по ремито со Рома (1:1), а тој го отпушти тренерот по натпреварот!

Пауло Фонсека доби отказ.

Росонерите“ годината ќе ја завршат на долната позиција на табелата во Серија А, што ги налути навивачите, па го нападнаа главниот оперативец Златан Ибрахимовиќ.

Наводно, по дуелот со Рома, Ибрахимовиќ имал жестока дискусија со тренерот, кој потоа потврдил дека повеќе не е тренер на Милан.

– Точно е, повеќе не сум тренер на Милан. Таков е животот. Совеста ми е чиста, направив се што знаев и можев – изјави Фонсека излегувајќи од паркингот кај „Сан Сира“.

Тој негираше дека се скарал со Ибра.

– Не, не се расправав со Ибрахимовиќ. Не можам да коментирам нешто што не се случило – рече тој.

Ќе видиме што ќе биде сега во Милано, каде под притисок е и Ибрахимовиќ, бидејќи Фонсека дојде токму по негова препорака.

Ремито против Рома му падна на глава на Португалецот, тоа беше ултиматум, тој мораше да го добие тој меч за да остане на клупата. Бидејќи не го стори тоа, следеше разделба.

На клупата на Милан остана само 181 ден. Се шпекулира дека наследник ќе биде Серхио Консеисао, досегашниот тренер на Порто.

Би можело да ве интересира

Феенорд во осминафиналето на Лигата на шампионите, „глумата“ на Тео Ернандез скапо го чинеше Милан

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Поранешниот играч на Феенорд, Сантијаго Хименез, кариерата ја продолжува во Милан

(ВИДЕО) Избегната тепачка меѓу тренерот и капитенот на Милан

А1он

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ