Навивачи на шкотскиот клуб „Абердин“ претепани во Мостар

Од:

Двајца навивачи на шкотскиот фудбалски клуб „Абердин“ се пренсени во болница на лекување, откако група од околу 50 Шкотланѓани, кои носеле ознаки на својот клуб, биле нападнати во стариот дел на Мостар.

Над 200 шкотски навивачи допатуваа во овој град во Босна и Херцеговина, за да ги бодрат играчите од „Абердин“ за реванш мечот на нивниот клуб со локалниот „Широки Бријег“ во претквалификациски натпревар за Европската лига.

Тешкиот инцидент се случил пред мостарскиот паб „Блек Дог“.

Група домашни „силеџии“ ги нападнале Шкотланѓанте и почнале да ги удираат со палици за безбол и со метални шипки.

Според објаснувањето на шкотските навивачи, нападот со ништо не бил испровоциран.

Интервенирала мостарската полиција, како и раководството на „Абердин“, чии претставници го посетиле местото на инцидентот и разговарале со навивачите.

Полицијата на Мостар, подоцна соопшти дека ги идентификувала напаѓачите, но не даде никакви други детали.

Во изјава на интернет, пабот „Блек Дог“ им се извини на Шкотланѓаните и изрази жалење за нападот врз нив, инсистирајќи дека тој е поврзан „само со фудбалското ривалство и со ништо друго“.

Во изјавата од пабот уште се вели дека никогаш досега, во Стариот град на Мостар, се нема случено ваков инцидент.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски