Изјавата на познатиот холандски стручњак Дик Адвокат за Зрињски ја обиколи Европа, а вирално стана видео од навивач на клубот од Мостар во кое тој му одговори на тренерот и ја упати слатката „одмазда“.
Дик Адвокат на полувремето од натпреварот даде скандалозна изјава против Зрињски. Тој рече дека не му е јасно зошто на толку слаби селекции им се дозволува да учествуваат во Европа.
Така изјави Адвокат кога резултатот беше 3:0 за АЗ Алкмар во Мостар, а набргу босанскиот клуб направи неверојатен пресврт и славеше со резултат 4:3.
Er wordt hier in Mostar hard gelachen om Dick Advocaat, die zei dat het onbegrijpelijk was dat dit soort clubs in Europa mee mogen doen… #zriaz pic.twitter.com/itEc7JFbch
— Theo Brinkman (@theocbrinkman) September 21, 2023
Најпочитуваните европски медиуми ја пренесоа неговата изјава, поради која веројатно се засрами, меѓу кои и германскиот Кикер.
По завршувањето на натпреварот, еден навивач на Зрињски се снимаше пред стадионот и оправдано го довикуваше познатиот холандски стручњак.
„Срам да ти е, Дик Адвокат, срам да ти е“, рече Мостарецот и му се насмеа на познатиот стручњак, покажувајќи ја неговата изјава.
Наскоро оваа снимка стигна и во Холандија. На социјалните мрежи, но и на најпопуларниот фудбалски портал во Холандија Voetbalprimeur се појави видео од навивачот на Зрињски.