Настапи на македонските екипи во СЕХА лигата

Од:

Екипите на Вардар Про и на Металург вечерва ќе ги одиграат натпреварите од 14.коло во СЕХА лигата.

Првакот на ова натпреварување Вардар Про гостува во Словачка кај екипата на Татран Прешов, додека македонскиот првак Металург игра натпревар со тимот од Црна Гора, Ловќен.

На овој дуел македонската екипа ќе настапи ослабена бидејќи на гостувањето не заминаа повредените Дејан Манасков, Филип Миркуловски и Ацо Јоновски, додека замената за Манасков, Словенецот Давид Корозија ќе мора најпрвин да се воигра со екипата.

На другите натпревари од ова коло: Мешков Брест – Нексе 30:25, Загреб КО – Борац 35:21 и Слога – Извиѓач 29:18.

Табела: Мешков Брест 31 бод, Загреб КО 29, Металург 27, Вардар Про 26, Ловќен 23, Татран Прешов 22, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац 7, Слога 3.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он