Настапи на Куманово и Кожув во регионалната БИБЛ лига

Од:

Во регионалната кошаркарска Балканска лига денеска свој настап имаат две наши екипи, додека утре ќе се игра и македонското дерби.

Во рамките од А групата денеска, Куманово гостува во Стара Загора, кај бугарскиот тим Берое. Кумановци веќе го имаат обезбедено своето место во следната „Топ 8“, за која ќе се бори и Кожув кој вечерва (19 часот) пред својата публика ќе игра против актуелниот шампион Сигал. Во оваа група вечерва играат Башкими – Тиват.

Табела: Куманово 6-3 (победи-порази), Берое 6-3, Кожув 4-5, Теодо 4-5, Башкими 4-5 и Сигал 3-6.

Утре и задутре ќе се играат натпреварете од Б групата, а последното коло го носи и македонското дерби меѓу Карпош Соколи и Фени Индустри (среда од 20 часот). Преостанатите две двојки се, Пеќ – Тирана (среда) и Сутјеска – Трепча (четврток).

Табела: Пеќ 6-3, Фени Индустри 6-3, Сутјеска 5-4, Карпош Соколи 4-5, Трепча 3-6 и Тирана 3-6.

Пласман во следната „Топ 8“ фаза ќе обезбедат првопласираните четири екипи од А и Б групата, по што ќе бидат комплетирани две нови групи.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски