Насри заминува во Андерлехт

Од:

Андерлехт доби засилување за следната сезона, откако Самир Насри потпиша договор за една сезона, со можност за продолжува на уште една година.

Искусниот 32-годишен Французин беше слободен играч по завршувањето на соработката со Вест Хем, така што Андерлехт за него не мораше да плати надомест.

Насри во Белгија заминува на покана на Винсент Компани, кој во мај, по освојувањето на шампионската титула на Англија со Сити како капитен одлучи да се врати дома, и во Андерлехт има позиција на играч-тренер.

– Добив многу одлични понуди, но го одбрав Андерлехт, бидејќи имам голема желба да им помогнам на Винсент и клубот во постигнувањето на нивните цели, изјави Насри.

Насри во својата богата кариера одиграл вкупно 513 натпревари, на кои постигнал 71 гол. За репрезентацијата на Франција настапил 41 пат постигнувајќи пет голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Белгијците се вратија во игра со триумф над Романија

ВИДЕО: Канаѓаните ги собраа аплаузите, а Белгија ја однесе победата

Мартинез за Франција: Многу напреднаа за три години, имаат по тројца супер играчи за секоја позиција во тимот

Ана Ололовска

Белгија: Прекин на сите аматерски фудбалски натпреварувања поради пандемијата

Жарко Настоски

Азар е најдобриот фудбалер во историјата на белгиската репрезентација во изборот на навивачите

Куртоа ја напушти репрезентацијата на Белгија

Ана Ололовска