Наследник на Блатер ќе се бира на 26. февруари

Од:

Извршниот комитет на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека изборите за нов претседател на оваа организација ќе бидат одржани на 26. февруари наредната година.

Раководството на ФИФА е разнишано откако Етичката комисија на 90 дена ги суспендираше претседателот Сеп Блатер, генералниот секретар Жером Валке и првиот човек на УЕФА Мишел Платини. Тројцата се суспендирани поради истрагата за наводна корупција која се спроведува во организацијата.

Кандидатури на изборите најавија јорданскиот принц Али бин Ал Хусеин, поранешниот капитенна Тринидад и Тобаго, Дејвид Накид и Мишел Платини.

Исто така, можно е во изборната трка да влезат поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега и претседателот на Азиската фудбалска конфедерација Салман Бин Ебрахим ал Калифа.

Платини се до изрекувањето на суспензијата се сметаше за најголем фаворит во изборната трка, но откако Етичкиот комитет го суспендираше тој започна да ја губи поддршката на европските федерации.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи