Наскоро на кинескиот пазар ќе се појави новиот „Мерцедес Ц класа Л“

Од:

На кинескиот пазар наскоро ќе се најде уште една луксузна лимузина со продолжено меѓуосовинско растојание, откако „ Мерцедес“ во оваа земја го почна производството на моделот „Ц класа Л“.

Кога една земја претставува вториот најважен светски пазар за пласман на „Мерцедес Ц класа“, тогаш е во ред доколку компанијата ги задоволува барањата на тамошните купувачи. А кинеските купувачи едноставно ги обожуваат продолжените лимузини со дополнителен простор за патниците на задните седишта.

Во сегментот на кој му припаѓа „Мерцедес Ц класа“, на Кинезите веќе им се достапни продолжените „Ауди А4Л“, „БМВ Серија 3 Л“ и „Волво С60 Л“.

„Мерцедес“, што во Кина продаде над 150.000 примероци од претходната генерација на својата компактна лимузина, не сакаат да заостанат зад конкуренцијата, па во септември на пазарот ќе се појави новата „Ц класа Л“.

Автомобилот ќе се произведува во фабриката на компанијата „Беијинг Бенз Аутомотиве Цо“ (ББАЦ), која „Мерцедес“ ја основа заедно со својот кинески партнер „БАИЦ“.

„Мерцедес Ц класа Л“ ќе биде долг 4.766 милиметри, а меѓуосовинското растојание ќе биде поголемо во однос на стандардната верзија за 80 милиметри и изнесува 2.920 милиметри.

Интересно е што патниците кои седат одзади ќе имаат можност за подесување на положбата и на предните седишта, што наведува дека сопствениците на овој автомобила главно ќе седат одзади.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ