Најдобриот македонски одбојкар воедно и капитен на сениорската репрезентација Никола Ѓоргиев од следната сезона ќе настапува во полското првенство.
Ѓоргиев и официјално се збогува од „фановите“ на јапонскиот тим Торај Ероус со кој изминативе две сезони доминираше и освои неколку трофеи. Тој воедно преку својот „Фејсбук“ профил најави и дека се сели во Полска во екипата на ОНИКО Варшава.
„Благодарност до Јапонија. Прекрасни спомени. Секогаш ќе ве имам во срце. Полска јас доаѓам“, напиша Ѓоргиев на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Тренер на овој тим е одбојкарската легенда Стефан Антига, кој воедно е и селектор на Полска. Додека на „википедија”, пак, Македонецот беше додаден како најнова аквизиција на клубот.
Во својата интернационална кариера, Ѓоргиев пред заминувањето во Јапонија каде играше две години, претходно настапуваше и за екипите Раднички Крагуевац (Србија), Волеј Форли (Италија), Мили Пијанго (Турција), Парис Волеј (Франција).