Напредок на македонските тенисери на АТП листата

Од:

Македонските тенисери иако изминатава недела имаа настапи во рамките на Дејвис купот и не играа на турнири, сепак направија скок на АТП листата.

Димитар Грабул со 67 поени се проби на 505.та позиција што е негов најдобар ранг.

Томислав Јотовски е на 714.то место со 32 поена, со што го изедначи својот најдобар пласман.

Шендрит Деари се наоѓа на 1.142 место (7 поени), додека Бесир Дургути е на 1.506 место (3 поени).

Најголем скок од 457 места има Стефан Мицов, кој со 2 поена се наоѓа на 1.641 место. Мицов и следната недела ќе има напредок откако ќе му биде впишан уште еден поен.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ