Наполи ќе бара чудо во Чешка

Од:

Наполи и Горан Пандев ќе бидат пред вистински тест предизвик, каде што ќе треба да надоместат негатива од 3 гола, против Плзен na гостински терен.

До сега тоа не му успеало на ниту еден тим откако е формирано новото натпреварување , па затоа Наполи е речиси пред невозможна мисија. Чесите на првиот натпревар среде Неапол славеа со убедливи 0-3.

Во преходниот формат на Лига Европа, УЕФА купот, само пет клуба успеаа да вратат негатива од три или повеќе гола и да поминат во следната фаза. Таков подвиг им успеа на Бриж, Реал Мадрид, Партизан, Панатинаикос и Баер.

Покрај Пандев од македонските претставници во ЛЕ, Даниел Георгиевски ќе го пропушти и возвратниот дуел на својот клуб, Стеауа против Ајакс во кој холанѓаните имаат предност од 2-0 со победата на домашен терен.

Македонскиот судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот во Лондон на дуелот помеѓу Челси и Спарта. Ова ќе биде 11 натпревар за Ставрев на кој ќе суди, до сега има покажано 44 жолти картони и три црвени, а нема досудено ниту еден пенал.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони