Наместо во единаесет, УЕФА поради пандемијата може да го одржи Евро 2020 во само една земја

Од:

Европската фудбалска федерација дозволи намалување на бројот на градови-домаќини на Евро 2020, поради ситуацијата со коронавирусот.

Француското издание на „Ле Паризиен“ пишува дека поради пандемијата, турнирот може да се одржи не во 11 земји, туку во една.

Сегашниот план е домаќини да бидат 11 земји, точно како што беше планирано, но морам да кажам дека во опција се и осум, пет или една земја, изјави претставник на УЕФА.

Евро 2020 требаше да се одржи минатото лето, но поради пандемијата беше одложено за една година.

Во моментов, се планира да се одржи во 12 градови од 11 европски земји, од 11 јуни до 11 јули 2021 година.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година