Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Од:

Навивачката група Комити денеска преку соопштение извести дека ќе им даде финансиска помош на фудбалерите на Вардар, бидејќи клубот и покрај ветувањата, не им ги исплатил платите.

-По натпреварот против Гостивар, дознавме дека „директорот” на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар!

Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, на сите фудбалери, и на стручниот штаб, да им подариме симболична финансиска помош. Знаеме дека тоа не е доволно, дека заслужуваат повеќе, но е искрен гест, со кој јасно порачуваме дека нивната болка е и наша болка. Приходот од продадените билети, решивме да ги искористиме на овој начин, велат од навивачката група.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица