На свеченото отварање на Европскиот шампионат во традиционално карате во Белград, Србија, Венцислав Недев и Дејан Недев беа одлукувани со највисоко спортско признание на ЕТКФ за нивен придонес и развој на карате спортот во Европа.
Како што информираат од Македонската традиционална карате федерација, признанијата им ги додели претседателот на ЕТКФ, легендарниот каратист Владимир Јорга.
Дејан Недев во моментов ја извршува функцијата Генерален секретар на ЕТКФ, а Венцислав Недев е претседател на техничката комисија на ЕТКФ.