Најскапиот трансфер го направи Манчестер јунајтед, најмногу пари потроши Челси

Од:

Англиските клубови одбележаа уште еден преоден рок. Манчестер Јунајтед го направи најскапиот трансфер летово, а Челзи потроши најмногу пари за нови играчи.

Добивај вести на вибер
Најскапиот трансфер летово е тој на Антони. Манчестер Јунајтед плати 95.000.000 евра за Барзиелкот на Ајакс (плус пет бонуси). Челзи потроши 300.000.000 евра за нов играч, половина од потрошените пари беа наменети за двајца дефанзивци – Весли Фофана и Марк Кукуреља.

Шпанскиот гигант Реал Мадрид влегува во првата тројка за 80.000.000 евра за играчот од средниот ред Аурелиен Чуамени.

Следеа уште три трансфери од Премиер лигата – Ливерпул плати 75 милиони за Дарвин Нунес, Јунајтед 70.600.000 за Касемиро, а Њукасл го собори клупскиот рекорд со 70.000.000 евра за Александар Исак.

Меѓу останатите трансфери кои го одбележаа изминатото лето беше и трансферот на Матијс де Лигт од Јувентус во Баерн, веројатно зделка на деценијата за Манчестер Сити со доаѓањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, додека Тотенхем го купи Бразилецот Ричарлисон од Евертон.

Топ 10 ова лето:

1. Антони (Манчестер Јунајтед) 95 милиони евра
2. Весли Фофана (Челзи) 80,4
3. Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид) 80
4. Дарвин Нунес (Ливерпул) 75
5. Касемиро (М. Јунајтед) 70,65
6. Александар Исак (Њукасл) 70
7. Матаис де Лихт (Баерн (67
8. Марк Кукуреља (Челзи) 65,3
9. Ерлинг Халанд (М. Сити) 60
10. Ричарлисон (Тотенхем) 58

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Челзи го враќа Тревор Чалоба од Кристал Палас

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1